Меѓугранични проекти со поддршка на ЕУ

Bez autora
Apr 01 2012

Во Велес вчера беше презентиран вториот повик за проектни предлози од областа на економскиот развој, поттикнување и промоција на културното богатство на прекуграничните региони, проект на Европската унија. Овој проект ќе се спроведува во партнерство на Македонија и соседна Грција, а ќе се реализира со 14 илјади евра. Наредните три месеци со свои проекти ќе можат да аплицираат национални институции, невладини организации, институции од науката и образованието, здравството и сите оние кои даваат придонес во општеството, а кои не се профитабилни. Оваа програма е донесена во 2008 година. Во првиот повик се склучени 18 договори за различни проекти. Во еден проект можат да бидат вклучени пет учесници од Македонија и Грција. Комисијата е составена од претставници од двете земји и тие ќе одлучуваат кои проекти ќе влезат во програмата и ќе се финансираат.

Меѓугранични проекти со поддршка на ЕУВо Велес вчера беше презентиран вториот повик за проектни предлози од областа на економскиот развој, поттикнување и промоција на културното богатство на прекуграничните региони, проект на Европската унија.

Овој проект ќе се спроведува во партнерство на Македонија и соседна Грција, а ќе се реализира со 14 илјади евра. На презентацијата беше заклучено дека во наредните три месеци со свои проекти ќе можат да аплицираат национални институции, невладини организации, институции од науката и образованието, здравството и сите оние кои даваат придонес во општеството, а кои не се профитабилни.

- Оваа програма е донесена во 2008 година. Во првиот повик се склучени 18 договори за различни проекти. Во еден проект можат да бидат вклучени пет учесници од Македонија и Грција, рече Жупан Мартиновски, технички секретар.

Комисијата е составена од претставници од двете земји и тие ќе одлучуваат кои проекти ќе влезат во програмата и ќе се финансираат.

Од првиот повик биле реализирани проекти најчесто од областа на земјоделството, како промоција на нови технологии, проекти за унапредување на здравствените услуги, промоција на традиционални кујни и слични.

Заеднички проект за прекугранична соработка со Грција се спроведува и во рамките на ИПА-програмата. Поддржана со 228.000 евра од ЕУ во Гевгелија почна имплементацијата на проектот од првиот тендер на ИПА-програмата. Општина Гевгелија е водечки партнер на проектот чија цел е поттикнување на локалниот економски развој во пограничниот регион, а општина Пеонија е финансискиот партнер од грчка страна. Во реализација на проектот се вклучени општина Дојран од македонска страна и општина Ираклија и Институтот за истражување на саеми од Солун. Од вкупно одобрените средства, 118.000 евра се наменети за македонската страна, а останатите 110.000 евра за грчките партнери.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik